„Комити“ за новото име на стадионот: Прости им Тоше, не знаат што прават!

Навивачката група „Комити“ се огласи за одлуката на Владата за преименување на Национална арена „Филип Втори Македонски“ во „Тоше Проески“.

„Понесени од нагонот за преименување на сè што е гордост, традиција и македонски идентитет, повторно се дрзнаа ‘семоќните’ да го преименуваат нашиот втор дом…
Но, овој стадион секогаш бил, е и ќе биде ‘Градски стадион – Скопје’, Република Македонија!!!
‘Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи?’ – еднаш праша маестро Тоше, но не му беше одговорено…
Прости им великану, не знаат што прават !!!
#ЧујтеВиеНеразбраниТрговци #ГРАДСКИСТАДИОНСКОПЈЕ 
#ТошеЖивееВечно“, реагираат навивачите на Вардар.


SHARE

1 Коментар

Comments are closed.