Комитите ја опишаа Македонија со еден збор

Навивачката група на ФК Вардар “Комити” со пост на Фејсбук кој според нив најсоодветно ја објаснува ситуацијата во која се наоѓаат македонскиот народ и држава.

За нив е неприфатливо прв човек во земјата де факто да биде Артан Груби.

Реакцијата на комитите доаѓа откако десетици од нив беа повикувани во полиција поради инцидент што се случил викендот.

“Апартхејд…
Кога државотворниот и автохтон народ во својата држава е целосно подреден да служи на интересите на едно малцинство, претставувано од агресивни фрустрирани од детството ликови…

Кога гласот на мнозинството е целосно небитен за тоа во кој правец ќе се движи нивната земја, бидејќи едноставно малцинството ќе се закани со војна…

Кога извршната власт, а потоа законодавната и судската се под целосна контрола на личности докажано нелојални на земјата во која живеат, и шансите за хиерархиски напредок во кариерата се право пропорционални со количината на омраза изразена кон домицилното население во земјата која го одгледала…

Кога де-факто државата има прв и втор човек, но де-јуре и во реалноста тоа е Артан Груби, кој го заслужи тоа место затоа што животот го посвети да ја мрази земјата во која се родил…
Кога живееме во време на искривени вредности и моралот е паднат под нултата точка…
Ќе има ли крај на оваа бесмисленост и неправедност?
Ќе има ли крај на оваа подреденост”, прашуваат “комитите” кои порачуваат:
Станете Македонци,
Слободата нема цена, и ги користат хаштазите
#СлободаЗаКомити
#ВоБорбаМакедонскиНароде #СтаниМакедончеОваЕТвојотДом

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3305845712803024&id=104014492986178