Комјутерџиите најдобро платени во Македонија


Во секторот компјутерско програмирање во август годинава исплатената нето платата во просек била 63.870 денари. 
Оваа професија е меу неколкуте каде платите се далеку повисоки од просечната 25.127 денари. 

Просечната нето плата во секторот комуникации и информации била 46.384 денари.  

Со 41.337 денари нето плата, следат вработените во воздухопловен транспорт во август, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. 

Просечна плата од 41.223 денари нето земале вработените во секторот финансиски дејности и дејности за осигурување. 




SHARE