Битолската градежна компанија „Пелистер“ доби тендер за ископ на јаглен и јаловина во кругот на РЕК Битола вреден 6,4 милиони евра од страна на АД ЕСМ. 

Договорот е склучен на 4 септември, а доставен е до Бирото за јавни набавки и објавен беше вчера, односно на истиот ден кога сопственикот на градежната компанија Силјан Мицевски сведочеше во случајот „Талир“ во кој опиша како бил рекетиран од првите луѓе на поранешната владејачка партија откако ќе добиел тендер.

Гласот на Мицевски се споменуваше и во „бомбите“ на Зоран Заев објавувани во 2015, а во тој период Центар за граѓански комуникации истражуваше дека фирмата „Пелистер“ успеала да постигна договори со АД ЕСМ за ископ на јаглен од околу 100 милиони евра за пет години, од кои рекордниот изнесувал 53 милиони евра, пишува Фактор. .

SHARE