Знак со предупредување „Децата немаат кочници“ е искорнат на само педесетина метри од ОУ „Стив Наумов“ во скопска Автокоманда.

Знакот, некогаш поставен на главната и воедно најпрометна улица „Лазар Поп Трајков“, е фрлен на безбедно растојани од сообраќајницата веројатно да не ги вознемирува возачите со баналното предупредување дека во близина има училиште и ученици кои минуваат токму тука.

Граѓани, пак, тврдат дека знакот им пречел на возачите кои вршат достава до продавничите од спротивната страна на улицата, но и на оние на кои бараат паркинг место повеќе на просторот што некогаш бил зелена површина.

SHARE