Конечно активирани мерки против загадувањето ве Скопје


Oд вечерва во 18 часот стапија во сила „итните“ мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје, согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух, а на барање на Владата и Министерството за здравство.

Мерките и препораки на Градот Скопје предвидуваат:

Воведување бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, се до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена.

Се прекинуваат сите градежни активности на градилиштата под своја надлежност, воедно, се повикуваат сите градоначалници од општините во град Скопје, да ги прекинат градежните активности на градилиштата во нивна надлежност.

Цената на паркирањето на паркиралиштата на Градски паркинг од овој момент двојно се зголемува и тоа важи се до укинувањето на итните мерки.

ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжи со интензивно чистење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје, а истото се препорачув на скопските општини.

Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување на стоки издадени од страна на Градот Скопје.

Вработените во Град Скопје, јавните претпријатија и институции на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз.

Градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла, се меѓу мерките објавени од Град Скопје.

SHARE