Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора, да формираат „модерна конфедерација“, во чија основа би биле заедничката дипломатија и војска, трговијата и слободниот проток на луѓе и стоки предлага поранешниот косовски премиер Бајрам Косуми, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во авторски текст, што го пренесуваат приштинските медиуми, Бајрами вели дека една таква идеја би можела да се реализира од причина што тие земји воопшто немаат претензии една кон друга.

„Зошто може да се создаде една модерна конфедерација, кога Албанците се составен дел од секоја држава и како мнозинска нација? Затоа што токму Албанците имаат стратешки интерес да ја зачуваат независноста и пријателските односи со Северна Македонија и Црна Гора, токму поради албанскиот фактор во тие држави и поради хегемонистичките апетити на Србија и политиките на влијание на другите“, пишува Косуми, кој беше косовски премиер од 2005 до 2006 година.

Според поранешниот косовски премиер, четирите држави имаат мали територии, мали пазари и не многу развиени економии, а нивниот бруто производ се движи од пет милијарди долари, колку што има Црна Гора, до 13 милијарди, колку што има Албанија.

Косуми предлага и заедничка дипломатска мрежа која би располагала со дури 126 амбасади кои ќе ги застапувваат интересите на сите 4 држави, а корист би имале и на безбедносен план со оглед на тоа што сите земји имаат бројчано мали војски.

Идејата сепак не е оригинална со оглед на тоа што за „Балкански Бенелукс“ се зборувало и претходно.

SHARE

2 Коментари

Comments are closed.