Контролирани 49 автобуси во Скопје– 16 неисправни

Во контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници вчера во период од 5 часа во Скопје биле откриени 16 неисправни возила.

Од проверени 49, кај осум возила бил неисправен уредот за кочење, кај две уредот за управување, три имале неисправни светлосно-сигнални уреди, а едно неисправни останати уреди, додека две возила немале комплетна опрема.

SHARE