Контролори на ЈСП со нозе тепале патник во „двојка“!?

На социјалните мрежи се споделува снимка од тепачка во автобус на ЈСП.

„Линија бр.2 некаде околу 12:35 часот…двајца контролори на ЈСП буквално со нозе го газеа дечкото.Јас не знам што предходно сторил затоа што се наоѓав на горниот спрат од автобусот (ова се случуваше на долниот) но убеден сум дека ваков однос е во најмала рака кажано недоличен“, беше објавено на ФБ.

Од ЈСП соопштија дека го расчистуваат случајот, пренесе „Скопјеинфо“.

„Според исказот на контролорите, инцидентот се случил откако патник без билет физички го нападнал едниот контролор, по што, се вмешал и другиот контролор. Патникот, според внатрешната контрола на ЈСП се обидел да избега, но бил приведен од страна на екипа на МВР. 

И контролорите и патникот дале изјави во МВР.

SHARE