Koнтролорите на летање тврдат: Небото е безбедно

Здружението на контролорите на летање (ЗКЛМ) соопштуваат дека се почитуваат стандарди за безбедно водење на воздухопловите во македонскиот воздушен простор и ги дементираат информациите во некои  медиуми за безбедноста на македонското небо.

„ Апелираме да не ја поврзувате безбедноста со актуелните политички случувања за односите во управниот одбор на М-НАВ и Владата чиј што епилог и ние како професионалци сме заинтересирани соодветните институции што побрзо да го разрешат“, стои во соопштението.

Во контекст на тоа, ЗКЛМ наведува дека не е точна информацијата оти авионот на „Туркиш ерлајнс“ на 5. месецов пробал да слета пет пати во Скопје, туку, како што соопштуваат, напротив не пробал да слета ниту еднаш.

Од ЗКЛМ велат дека доверба во ова наша институција е искажана и од самите авиокомпании кои досега извршиле преку 91.000 летови во нашиот воздушен простор.

SHARE