Корона-кризата остави 15.000 луѓе без работа

Најновите податоци што ги објави Агенцијата за вработување, покажуваат дека во последните три месеци – марта, април и мај, без работа останале над 15 илјади граѓани.

Имено, на крајот на мај годинава во земјава имало 121.187 невработени лица, што е повеќе за 15.371 граѓани во однос на крајот на февруари годинава.

Само во мај без работа останале над шест илјади граѓани, или прецизно 6.425 лица, а претходниот месец – април – како невработени во Агенцијатасе пријавиле 7.030 граѓани од земјава.

Трендот на раст на невработените почнал уште од февруари, објави Фактор.

SHARE