Европската асоцијација на аеродроми (ACI) најави дека 193 аеродроми ќе бидат изложени на ризик од неликвидност во наредните месеци, доколку патничкиот сообраќај не започне да се опоравува од корона-кризата.

Овие воздушни центри обезбедуваат 277.000 работни места и учествуваат со 12,4 милијарди евра од европскиот БДП, стои во соопштението на организацијата. 

Европските аеродроми минатиот месец имаа 172,5 милиони патници помалку, со што вкупниот обем на патници изгубени годинава достигна 1,29 милијарди. (Фактор)

SHARE