Корона во Македонија: Пет починати, 188 нови случаи

Од 1.971 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19.

Предничат Скопје-44, Куманово-21, Штип-18, Тетово-24, Струга-21, Гостивар-23…

, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Кичево-10, Ресен-1, Неготино-2. Во последното деноноќие починати се пет лица кај кои бил регистриран коронавирусот.

Почина 5 лица: пациентка од Скопје (62г.), пациент од Битола (74г.), пациентка од Куманово (78г.), двајца пациенти од Тетово (61г. и 76г.). Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.503,  бројката на оздравени пациенти е 5.931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.096.

SHARE