Корона во САД: Над 65.000 заразени за 24 часа

Нов црн рекорд на заразени со коронавирус е забележан во САД откако биле регистрирани повеќе од 65 илјади случаи за 24 часа.

Бројот на корона-позитивни во Америка сега надмина 3,1 милиони лица, а од почетокот на пшандемијата починаа повеќе од 133 илјади лица.

Најмногу смртни случаи забележани се во Њујорк – 32.283 починати.

Бројот на случаи на коронавирус во Светот надмина 12 милиони.

SHARE