Корона зеде уште три жртви, а 25 се новозаболени

Регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 во изминатите 24 часа. 

На Клиниката за инфективни болести почина пациентка  од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти во: Скопје-7 и во Прилеп – еден.

SHARE