Короната не избира: Почина лекар во „8-ми септември“

На 64 годишна возраст, во ГОБ „8-ми септмеври“, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово.

Д-р. Деари беше хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста, инф.ормира министерот за здравство Венко Филипче, дознава Плусинфо.

„Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство“ изјави министерот Венко Филипче.

SHARE