Короната одложи 1.500 операции во ГОБ „8-ми септември“

На одделот ордопедија и трауматологија во ГОБ „8-ми септември“ од почетокот на епидемијата на КОВИД-19 – кога беше пренаменето за прием на пациенти позитивни или високо сомнителни на КОВИД-19 – се стопирани сите опарации.

1.500 пациенти се на листата на чекање, која постојано се зголемува, дознава порталот СакамДаКажам.

Д-р Зоран Несторовски, раководител на Одделението за ортопедија и трауматологија во „8 Септември“, предупредува дека ненавременото лекување и третман резултираат со компликации.

„За тековната 2020 година, планирани беа 1.500 оперативни интервенции. Така и започна годината: Во јануари и во февруари имавме по 120 интервенции. Но, со почетокот на епидемијата и изборот на нашата установа за КОВИД-болница, целокупниот план и сите закажани интервенции, како и во другите установи во земјава, се стопираа. До овој момент целиот тим од 14 ортопеди нема реализирано ниту една елективна интервенција во изминативе 4 месеци. Тоа значи дека листата на чекање останува иста, односно постојано се зголемува бидејќи сите останати болести, не само КОВИД-19 инфекцијата, и понатаму си постојат. Не само што постојат, туку со ненавремено лекување и третман резултираат со компликации со кои што со одложен третман дури и најискусните хирурзи не можат понекогаш да се справат“, вели д-р Несторовски са СакамДаКажам.

SHARE