Короната затвора текстилни фабрики!

Намалените порачки принудија неколку конфекционери во земјава да стават клуч на погоните, веќе се затворени неколку конфекции во Штип и Скопје, а поголемиот дел се одлучија постепено да го намалуваат бројот на вработени…

Маријана Перковска од Кластерот за текстил забележува дека ова што сега се случува го најавувале и уште пред три години, бидејќи текстилниот сектор е специфен, а бара и специфична поддршка од државата, јавува Телма.

„Не знам дали некоја мерка може да го сопре негативниот тренд во тектилството, но за подобрување на состојбата потребни се брзи мерки. Грантови за модернизирање на производството, подршка за отворање на интернет продажба, олеснување на царинските постапки при извоз во странство и субвенција на плати на вработените“, вели Перковска.

Кирил Нашков, претставник на штипските текстилни компании вели дека моментов е многу тешко во овој сектор, сите бараат решенија, но прогнозира дека намалувањето на работниците ќе биде од 20, а некаде и до 50 %.

„Ако има нови мерки кои ќе помогнат на фирмите, односно ако има помош од државата, можно е голем број од работните места да се задржат“, потенцира Нашков.

Во текстилниот сектор работат 30.000 работници.

SHARE