Коронавирус: 15 починати, 247 нови случаи

Од направени 737 тестирања, во последните 24 часа регистрирани се 247 нови случаи на ковид-19 од коиж половина во Скопје односно 116.

Починале 15 лица, двајца пациенти од Скопје (73 и 78г), еден од Куманово (68г), тројца пациенти од Тетово (60, 70 и 77г), двајца од Струга (73 и 75г), еден од Велес (58г), еден од Охрид (69г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (71г), еден пациент од Гевгелија (76г) и двајца пациенти од Кочани (49 и 68г). Сите пациенти се починaти во болнички услови.

SHARE