Коронавирус: Почина 63 годишен маж од Дебар

Ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје почина маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.

Пациентот на 17 март бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести бидејќи бил заразен со коронавирус .

Во текот на ноќта нагло му се влошила состојбата и по неколку часови починал.