Коронавирус: Починати 10 лица, 477 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 2.543 тестирања, а регистрирани се 477 нови случаи на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 331 оздравени пациенти.

Починале 10 лица: Тројца пациенти од Скопје (63, 47 и 83г), еден од Прилеп (77г), еден од Тетово (50г), еден од Струмица (88г), еден од Битола (61г), еден од Гостивар (80г), еден од Гевгелија (60г) и еден пациент од Пробиштип (66г).

Пациентите се починати во болнички услови, јави Министерството за здравство.