Градските власти во Брисел најавија дека ќе ја забранат проституцијата со цел да се обидат да го забават ширењето на коронавирусот.

Три хотели во кои работеле проститутки биле затворени поради непочитување на мерките за социјална дистанца.

Беше најавено дека ќе се зајакнат полициските контроли, со цел да се обезбеди почитување на забраната, пренесува АП.

Од понеделник, баровите и кафулињата во Брисел мора да бидат затворени од 23 до 6 часот наутро, додека другите угостителски објекти се отворени до 22 часот.

SHARE