Коронавирусот однесе четврт милион животи

Според истражувањето на Ројтерс и универзитетот Џон Хопкинс, до денес најмалку 250.000 луѓе починале од пандемијата на коронавирус.

Повеќето пријави за нови смртни случаи и инфекции доаѓаат од Северна Америка и европските земји, но бројот се зголемуваи во Латинска Америка, Африка и Русија, пренесува Гардијан.

На глобално ниво, во изминатите 24 часа се регистрирани 3.062 нови смртни случаи и 61.923 нови инфекции, со што вкупниот број достигна 3,58 милиони заразени.

Најлошата состојба е сè уште во Соединетите држави, со регистрирани повеќе од 1.200.000 случаи и скоро 70.000 смртни случаи.