Коронавирусот опасно се шири – 170 починати, над 7.000 заразени

Бројот на смртни случаи од коронавирусот достигна 170, додека бројот на заразени над 7.736. Од нив 1.239 се во критична состојба, а има уште 12.167 сомнителни случаи.

Од 170 смртни случаи, 162 се во епицентарот на заразата, во провинцијата Хубеи.

СЗО го повика целиот свет да делува против коронавирусот, од кој се заразени повеќе луѓе отколку од САРС.

„Растот на бројот на заразени и фактот дека се пренесува од човек на човек надвор од Кина е загрижувачки. Иако бројот на случаи надвор од Кина е релативно мал, има потенцијал за поголема епидемија“, рекол Тедрос Аданом Гебреисус, генерален директор на СЗО, по враќањето од Пекинг.

Авионските компании „Луфтханза“, „Бритиш ервејс“, „Аустријан ерлајнс“ и „Свис“ ги запреа летовите за Кина до 9 февруари поради коронавирусот. Од Австрија последниот лет за Кина се реализира синоќа од аеродромот во Виена.

Околу 600 граѓани од земјите на Европската Унија бараат да се вратат од Кина.

SHARE