Коронавирусот остави 3,3 милиони Американци без работа

Во само една недела 3,3 милиони Американци добија отказ и се пријавија за надомест за невработеност што е најголема бројка досега во историјата на САД.

Ова е нов рекорд по оној во октомри 1982 година кога 695.000 луѓе добија отказ во една недела.

Аналитичарите оценуваат дека ова е само почеток и дека ќе следат бројки кои ќе бидат уште попоразителни.

За прв пат по половина век, администрацијата на Трамп ја намали бројката на невработеност под 4,0 проценти. 

До минатата недела, имаше помалку од шест милиони невработени во САД или 3,5 проценти, така што ова зголемување од 3,3 милиони е речиси 50 проценти.

Во Америка досега има повеќе од 70.000 заразени со коронавирусот, а починаа повеќе од илјада лица.

„Плусинфо“

SHARE