Коронавирусот уби 127 новинари во 31 држава

Најмалку 127 новинари од 31 земја го загубија животот како последица од коронавирусот, од 1 март до 31 мај се вели во извештајот на меѓународната невладина организација Press Emblem Campaign (ПЕЦ).

„Медиумските работници играат важна улога во борбата против СОВИД-19. Тие се оние кои ја информираат јавноста за ширењето на инфекцијата. Многу од нив починаа заради недостаток на соодветна заштита за време на работата на теренот “, рече Блез Лампен, шеф на организацијата со седиште во Женева, пренесе БГНЕС.
Само во мај, 72 новинари починаа како последица на инфекцијата, јави агенцијата Анадолија.




SHARE