Коронавирусот започнал од продавачка на ракчиња во Вухан?

Врз основа на увид во доверливи документи добиени од медиумите, првото лице за кое било откриено дека е заразено со Ковид 19-, била 57-годишната Веи Гушијан, продавачка на свежи ракчиња на пазарот „во Вухан, Кина.

Веројатно таа е изворот на пандемијата со коронавирусот, заклучува британскиот „Дејли мејл“.

Веи живеела во изнајмен стан на помалку од 500 метри оддалеченост од пазарот, а на 11 декември минатата година за првпат имала покачена телесна температура. Мислејќи дека е сезонски грип, Веј отишола во блиската мала клиника полна со пациенти по совет на лекарите. Инјекциите што ги добила не и помогнале.

Кинескиот центар за превенција и контрола на болести објави во јануари дека луѓето со коронавирус биле заразени со диви животни кои се продаваат како храна на пазарот во Хуанан.

Веи изјавила дека работела на пазарот додека била болна. Подоцна отишла во болница во Вухан на преглед кај друг лекар.

„Лекарот не можеше да разбере што е во прашање и ми даде лекови“, рече Веи, додавајќи дека не и било подобро од лековите. Таа се вратила на клиниката каде првично била прегледана за поголема доза на инјекции.

„Се чувствував полошо, скоро без сила“, po [to отишла во една од најголемите болници во Вухан на 16 декември за да ја утврди причината за болеста. Доктор во болницата и рекол дека болеста од која страда е „немилосрдна“ и дека примиле повеќе пациенти, кои биле на пазарот, со слични симптоми.

Според изјавата на Советот за јавно здравје на градот Вухан, објавена на 31 декември минатата година, Веи била една од првите 27 пациенти на кои му е дијагностициран Ковид 19. Меѓу тие 27 пациенти, 24 биле поврзани со пазарот на кој се продаваат домашни и диви животни.

Иако Веи е првата личност на пазарот во Хуан, на која и бил дијагностицирана инфекција со коронавирус, 70-годишен пензионер врзан за кревет се наведува како прв пациент.

Кинеските власти соопштија дека првиот пациент заразен со коронавирус се појавил на 7 декември.

Пекинг ги отфрли тврдењата дека Вухан е извор на пандемија, а минатата лидерот на тим експерти за здравствена криза ги нарече ваквите тврдења за неодговорни

„Епидемијата на коронавирус потекнува од Кина, во Вухан, но тоа не значи дека Вухан е неговиот извор“, рече д-р Зонг Наншен.

SHARE