Косово бара дел од имотот на поранешна Југославија

Oдреден број дипломатски и конзуларни објекти – претставништва на поранешна Југославија, поранешни државни објекти, дел од архива на поранешната земја … се некои од дополнителните барањата од Косово адресирани до Белград .

Ова, покрај најавеното барање за воена отштета и уште десетина теми, ќе биде услов  албанската страна да се врати во преговарачкиот процес со Србија, соопштил шефот на новиот преговарачки тим за дијалог со Белград и еден од поранешните команданти на, Фатмир Лимај, пишува „Вечерње новости“.

Според соговорници на весникот, барањата врз основа на сукцесија се далеку од реалност, бидејќи Косово не беше република во состав на СФРЈ, туку српска покраина. Притоа, како неразвиено подрачје беше исклучено од издвојување за заедничките органи.

„Но, што, сепак, ниту т.н. премиер Рамуш Харадинај, ниту пак кој друг во Приштина не го спомнува, е дека, на пример, Србија ги презела сите долгови на Косово кон Лондонскиот и Парискиот клуб и кон  ММФ. Проценето е дека е Србија платила 370 милиони долари само за камати по основ на косовскиот долг“, пишува „Вечерње новости“.

Косово бара признавање од Србија и добивање место во ОН.

Косово ќе бара воена отштета од Србија

 

SHARE