Косово добива своја војска!? (ЖИВО)

Белградски медиуми, но и оние во Приштина го означија денешниот ден 14 декември за „ден Д“ за формирање на војската на Косово.

Се работи за трансформација на Косовските безбедносни сили во вооружени сили на Косово, но во суштина тоа значи дека формирањето на косовска Армија.

Денеска во 10 часот Собранието на Косово ќе гласа за законите со кои сегашните безбедносни сили ќе се трансформираат во војска на Косово.

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, на Фејсбук напиша дека само часови го делат Косово од овој историски настан.

„Уште неколку моменти не делат од историското гласање за создавање војска на Косово. Денеска кога остваруваме едно историско право, ветуваме дека ќе чекориме напред во мир со сите што живеат со нас во нашиот заеднички дом. Со намерата да станеме дел од НАТО пактот, нашата војска секогаш ќе биде таму каде што се бранат животот, достоинството и интегритетот на човекот. Таму каде што ни е местото, засекогаш“ – пишува Харадинај.

SHARE