Косово испраќа возач за дипломат во Македонија

Досегашен возач во косовското МНР ќе биде втор секретар во конзулатот што Косово неодамна го отвори во Струга, објави вчера весникот „Коха Диторе“.

Досегашниот возач Фарук Битиќи со одлука на министерот Беџет Пацоли, ќе го започне четиригодишниот мандат на 15-ти идниот месецн пренесе МИА.

„ Фарук Битиќи ќе започне со извршување на задачите и обврските како втор секретар во конзуларната мисија во Струга од 15. 02. 2020 година“, се вели во документот што го обезбеди приштинскиот весник.

Од косовското МНР велат дека чинот втор секретар, кој Битиќи го има добиено со одлука од 2108 година е соодветен на чинот конзул, така што „унапредувањето е извршено согласно процедурите и законите“.

SHARE