Косово ќе се дели, договор на 12 јуни во Вашингтон?

ЕУ и САД се подготвени да ја прифатат размената на територија меѓу Србија и Косово, пишува германскиот весник „Франкфуртер Рундшау”.
Според веникот, договорот за промена на границите треба да биде потпишан во Вашингтон на 12 јуни, а ќе стапи на сила шест месеци подоцна.
Весникот забележува дека расте притисокот врз Приштина и Белград да се договорат, но расте и опасноста од промена на границите на Балканот, пренесува Б92.

Според весниккот, наводно протекоа детали од документот во 17 точки, во кој меѓу другото стои:

„Повлекување нова граница меѓу Албанците и Србите во северно Косово и приклучување кон Косово на неколку села претежно населени со Албанци од Србија,.

На градот Косовска Митровица ќе му се даде посебен статус, а главниот рудник Газиводе и рудникот Трепча ќе бидат приватизирани 99 години и поделени меѓу постојаните членови на Советот за безбедност на ОН.

Автопатот низ Србија на Коридорот 10 ќе биде под меѓународна заштита“, се вели наводно во документот, пишува германскиот весник.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.