Косово пред банкрот!?

Доколку не биде донесен буџетот за 2020 година, Косово ќе банкротира, предупреди премиерот во заминување Рамуш Харадинај.

Косово се најде во ваква ситуација поради неуспехот на победникот на ланските парламентарни избори, Движењето Самоопределување на Алчбин Курти, да состави влада.

„Без буџетско одобрение за оваа година, државата ќе се претвори во битка“, рече Харадинај на прес-конференцијата по вчерашната владината седница, јави дописникот на Приштина, Зери.

Харадинај рече дека нема пречки за функционирањето на институциите во јануари и февруари, но ако истото продолжи и во втората половина на февруари, тогаш:„Од 1 април, нема други правни инструменти за функционирање на државата во финансиски аспект и не ќе банкротираме, ние комплетно ќе пропаднеме “, предупреди Харадинај.

„Победничката партија е одговорна за формирање на институциите, а во овој случај тоа се Самоопределување и Албин Курти“, кажа Харадинај, потсетувајќи дека изборите беа одржани пред три месеци, а дека двете водечки партии, Самоопределување и Демократската партија на Косово, сѐ уште не успеваат да се договорат за заедничка влада.

SHARE