Косово забрани увоз на компири и мед од Македонија


Забрана на увоз на компири и мед од Македонија наложи косовскиот министер за трговија и индустрија.

Мерката, како што јавуваат медиуми, била одговор на забраната што Скопје ја воведе за увозот на риба за порибување од Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на Министерството се вели дека се работи за „преземање реципрочна мерка кон Северна Македонија“, како и дека Царината на Косово се обврзува мерката да почне да ја спроведува веднаш.

„Мерката стапува во сила денеска и ќе остане се додека органите во Северна Македонија не ја преразгледаат“ изјави министерот Шаља за „Газета експрес“.

SHARE