Група од Косово која престојувала во Струга ги поставила знамињата на „Самуиловата тврдина“ во Охрид и тука снимала видео материјал кој понатаму треба да се монтира и да пласира во јавност – дознава Скопје1.мк од свои извори во СВР Охрид.

Групата е идентификувана од Полицијата и против нив ќе се поднесат адекватни пријави.

Групатаа тука се снимала и фотографирала и за тие потреби ја „декорирала“ тврдината со повеќе албански знамиња на помали јарболи кои ги држеле во раце и едно огромно кое го оптегнале преку бедемот до главниот влез, кој е свртен кон градот и се гледа од центарот на Охрид. Нејасно е за која цел тврдината била декорирана со едно големо и повеќе мали знамиња на соседна Албанија