Абит Хоџа, висок косовски безбедносен истражувач од универзитетот во Агдер, Норвешка, предупреди за можните последици од раздвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон Европска унија.

„Ако кандидатурите за ЕУ на Албанија и на Македонија се раздвојат, Балканот ќе се смени. Албанците може да пробаат некаква поинаква интеграција. Да создадат внатрешен пазар, да побараат федерализација на Македонија и Косово + Албанија да креираат федерална унија. Што им преостанува на Албанија и на Косово останува да се види“, констатира Хоџа на Твитер.