Наметнувањето на високи царини за српските производи во Косово предизвика етно-економска кампања во Македонија.
Демократската партиjа на Србите во Mакедониjа покрена инициjатива за масовно купување на српски производи во Македонија.
ДПСМ ги повикува Србите и приjателските народи во Mакедониjа, регионот и диjаспората да купуваат производи од Република Србија.
Целта на инициjативата е ублажување на последиците кои ги трпи економијата на Република Србиjа кои се причинети од “Анти-цивилизациските такси кои ги воведе Приштина на стоки од централна Србиjе”, пишува во повикот од ДПСМ.
Демократската партија на Србите во Македонииа е најсилниот српски политички фактор во земјава.
Лидерот на ДПСМ Иван Стоиљковиќ е човек од доверба и редовен гостин на српскиот претседател Александар Вучиќ.