Косовскиот парламент ја одобри новата влада предводена од премиерот Албин Курти. Од 120 пратеници, 66 гласаа за, а 10 беа воздржани. Опозицијата го напушти парламентот пред да се одржи гласањето.

Владата ќе има 15 министри, од кои 12 ќе бидат еднакво поделени меѓу двата најголеми коалициски партнери, движењето Самоопределување (ЛВВ), на Албин Курти и Демократската лига на Косово (ЛДК) на Иса Мустафа.

Три министерства ќе бидат предводени од претставници на етничките малцинства.

Во новата влада покрај премиерот Албин Курти се:
    Министер за одбрана Антон Јуни (ЛДК);
    Министер за инфраструктура Лумир Абдиџику (ЛДК);
    Министер за земјоделство, Бесијан Мустафа (ЛДК);
    Министер за образование Хикмете Бајрами (ЛДК);
    Министерот за внатрешни работи Агим Велиу (ЛДК);
    Министер за култура, млади и спорт Влора Думоши (ЛДК);
    Министер за администрација и локална самоуправа Емилија Реџепи (НСД бошњачка малцинска партија);
    Министер за заедниците Далитбор Јетовиќ (српски список);
    Министер за рурален развој Иван Милојевиќ (српски список);
    Министер за надворешни работи Глаук Коњуфца (ЛВВ);
    Министер за правда Албулена Хаџиу (ЛВВ);
    Министер за финансии Бесник Блисими (ЛВВ);
    Министер за економија Розета Хајдари (ЛВВ);
    Министер за здравство Арбен Витиа (ЛВВ);

и
    Министер за евроинтеграции Блерим Река (ЛВВ);

Авдулах Хоти (ЛДК) и Хаки Абази (ЛВВ) ќе бидат вицепремиери.

SHARE