Костадинов контра Заев: Не одлучува премиерот за Рускоска во СЈО или панданот

Неколку дена откако Заев најави дека Русковска е негов кандидат за нов пеф н СЈО или неговиот пандан како дел од ОЈО портпаролот на СДСМ го понижи својот шеф и премиер.

Според неискусниот и на моменти збунет Костадин Костадинов, Заев не е тој што треба да каже кој ќе биде новата Катица Јанева.

Откако некоклупати се заплетка во одговорите на прес конференција тој на крајот повторно веќе традиционално ја нападна опозоцијата и ја повика на конструктивност.

„Предлогот обвинителката Вилма Рускоска да го води ново Јавно обвинителство за организиран криминал не е одлука на политичарите. Рускоска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Предлог токму на ВМРО-ДПМНЕ беше Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во рамките на Јавното обвинителство и беше прифатено“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност пред граѓаните и државата.

„Јавноста знае дека обивнителите ги бира Советот на јавни обвинители. Предлог законот предвидува спојување и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката којашто веќе ја извршува оваа функција. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат конструктивност и да го поддржат новото законското решение за јавно обвинителство. Тоа е значајно за правдата, за државата, за реформите“, рече Костадинов.