„Фирмата „Еко-Клуб” е во сопственост на Сашо Јанакиески, многу близок соработник на Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ…. Сашо Јанакиевски е почесен конзул за Македонија на унгарскиот премиер Виктор Орбан, премиерот кој му даде азил на Никола Груевски.

Еко клуб” е битолска фирма, која дебело се офајдила во времето на ВМРО-ДПМНЕ – тоа се гледа во бројните тендери од времето на вмросвскиот градоначалник на Битола, Владимир Талески, обвинија денеска од СДСМ.

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов денеска изјави дека „бизнис играчот на ВМРО-ДПМНЕ, го депонирал медицинскиот отпад во Дрисла без при тоа да го обработи и уништи на соодветна машина што е надвор од прописите и договорите“.

Таквиот отпад иако не смеел, го носел во дпонијата Дрисла бидејќи тоа му го овозможуал уште еден кадар на ВМРО-ДПМНЕ, рече Костадинов.

Тој го обвини и Горан Ангелов кој со години беше директор на Дризла се до пред две седмици, како што рече, кога Град Скопје го презеде уптавувањето со Дризла.

„Тоа е истиот Ангелов кој преку негова фирма во Бугарија вршел незаконски увоз на контејнери опшасен отпад од Бугарија и за кого се води истрага во соседна Бугарија“ рече Костадинов.

SHARE