„Кривичните пријави се плод на иницијатива на човекот со чисти раце, гласноговорникот во името на Зоран Заев, кои ги најави на средбата со оштетените штедачи на ЕСБанка, а финализирани ако не од било кој друг, туку од Народна Банка“, пишува Трифун Костовски, по покренувањето на кривични пријави од Народна банка против високи структури на Еуростандард банка кои директно учествувале во носење на банката во стечај во соопштение до медиумите.

„Одговорно изјавувам дека сум задоволен што после двомесечен молк отпочнуваат активности околу вистинските причини за носењето на банката во стечај. Го поздравувавм овој чин“, вели Костовски.

„Не се плашам, останува на мојот пат на вистината. Стечајот на Еуростандард Банка е злостор од криминогени структури, а тоа имам намера и да го докажам. Притисокот од кривичните пријави и друг вид кои постојат во институциите на системот, воопшто не ме плашат, туку напротив, ме охрабруваат да продолжам со својата мисија“, посочува Костовски.

SHARE