Бизнисменот Трифун Костоски, во вечерашната емисија „Само интервју“ на Канал 5, вели дека стечајот на Еуростандард банката чиј сопственик беше бил подготвуван подолг период.

Тој вели дека Народната банка не ги употребила сите алатки за рестартирање на банката да се стабилизира.

„Таа нетрпеливост која што јас ја почувствував дали кон семејството, или дали кон Еуростандард банка, не можам да сфатам што е, но дефинитивно тука се работи за заговор. Кој стои зад тоа, јас ќе бидам толку упорен да дознаам. Немам докази, но ќе ги обезбедам. Јас пред себе имам еден Кинески ѕид, НБРМ и државата. Изразувам солидарност кон оштетените. Нема да бегам од земјава, немам потреба да изнесувам пари. Сè што сум имал сум вложил во банката“, рече Костовски.

Извор: Плусинфо

SHARE