Котеска до провладините активисти и “инфлуенсери”: Тиња сте

Професорката Јасна Котеска која што беше еден од водечките ликови во Шарената револуција е разочарана од двојните стандарди на активистите на социјалните мрежи блиски на СДСМ.

“Која тиња сте. Дур ви одговаравме како отпор, супер бевме. Секоја колумна ми ја споделувавте во 50 ретвита. И Политико ја ставаше на свој сајт. Сега кога сте напикани во цревата на власта, сега не ви одговарам. Да, а?”, прашува Котеска која дел од социјалните мрежи ја нарекува наивна а дел и пирачува дека морала да го предвиди ваквиот развој на настаните.

Откако јавно се спротивстави на понижувачко решение за името и ја осуди власта за прекумерна употреба на сила на протести против договорот за името Котеска е мета на координиран напад на таканаречените “инфлуенсери” и партиски “ботови” активни на социјалните мрежи.

„Проклетството“ на поетот Јовaн Котески ја стигна ќерката Јасна