Котеска до владиниот Пи-Ар советник Сарачини: На што печурки си?

Професорката Јасна Котеска со иронично прашање до Петрит Сарачини, дел од Пи-Ар тимот на Владата кој завчера објави дека Македонија е во војна а според рецептот од САД во војна не требало да се менува лидерот односно во нашиот случај премиерот Заев.

Котеска изненадена од ставот на Сарачини кој е официјален претставник на Владата му поставува едноставно прашање:

“На што печурки си? :)”.

На ова Сарачини кој за себе вели дека е медиумски стручњак одговара дека е задоволен што многу луѓе дознале за неговиот став дека Македонија е во војна а користи и психолошки алузии за професорката Котеска.

“Драго ми е што мојата порака допрела до толку голем број луѓе, а и до влијателни личности 😎 за печурките, што је баби мило то се баби снило и слични изблици на фројдовска проекција, консултирајте се со лекар или фармацевт, јас сум само медиумски стручњак, не се мешам секаде 👌”, пишува Сарачини кој е дел од пропагандниот тим на Владата.

Завчера Сарачини објави контраверзна колумна во која го брани премиерот Заев и тврди дека Македонија е во војна.

Сарачини: Македонија е во војна, Заев може да биде сменет по нејзиниот крај

SHARE