Проф. Котеска до власта по дебаклот со датумот: Сега каде бе другари?

Професорката Јасна Котеска објаснува дека власта не ги слушала советите кои укажувале дека владеењето на СДСМ и ДУИ не оди во добар правец.

Открива дека пораката не стигнувала или одговорот не бил соодветен.

“А фино 1.5 година им викаш, работата не оди на добро. Советуваш да се сконцентрираат на Прибе, внатрешни реформи и да фатат каде работата запнала. Попат ти се сипа цел прогресивен твитер и истурени аутлети.
Ама не – они ќе освојувале вселена.
И еве. Сега каде бе другари?”, ги прашува Котеска јавно претставниците на власта преку Твитер.

За Котеска е логично тоа што земјава не добива датум за преговори.

“Единствена логика за рапидна примопредаја од семидиктатурата на Грујо до власт на Заев – и тоа преку ист ЕУ бирократ, Јоханес Хан! – е за заѕидување Балкан во НАТО заради „источна закана“. Ти дава воен сојуз, не и ЕУ.
И мислиш слушаат?
Јок бе”, вели Котеска користејќи го симболот за насмевка 🙂 на социјалните мрежи.

SHARE