Котеска: Заев и Димитров се неспособни и историски штетни

Професорката Јасна Котеска смета дека Преспанскиот договор е огромно промашување а премиерот и шефот на дипломатијата се штетни и неспособни.

“Да молчев кога ВМРО хараа (2008-2016) ќе морав и сега.
Да молчев кога СДСМ надградена (2016-) злоставуваат неистомисленици, ќе морав и сега.
Не молчев, ерго не морам ни сега.
Северна е епско промашување, а Димитров и Заев неспособни и историски штетни”, смета Котеска.

” Ви рековме пред 2+ години дека Спогодбата од Преспа и договорите со соседите се погрешни чекори во надворешната политика од луѓе кои не знаат што прават”, го коментира Котеска најновиот развој на настаните честитајќи го празникот 11 октомври.

SHARE