Историчарката Наташа Котлар во подолг статус на својот профил на Фејсбук ја коментира „национализацијата“ на имињата на државните институции што ја содржат придавката „македонска“.
„?Национално, а не народно!
Вчерашниот ден не беше лесен за нас во татковинава, доживеавме бришење на името македонско, од највисоко ниво, иако истово е од сомнителна легитимна суштина! И без да сакам, ми навираат асоцијации на Германија во периодот на 30–те и 40-те години од минатиот век, кога социјалистичките опортунисти здружно со индустриско-воената елита ја подржаа и буквално ја донесоа на политичката сцена Националсоцијалистичката германска работничка партија и отпочна период на агресивно владеење, мистифицирање, уништување на сето она што значеше човечко добро, во Европа, а потоа и во светот! Ова е очајно не само за нас, туку и за европската и за светската јавност, која воопшто не ја научила историската лекција од споменатото време, настани и судбини! Ех, животиште…!
И веднаш ќе кажам дека сето ова со вчерашно преименување е резултат на „политичка мудрост и храброст“ на коњуктурата на власт (позициска и опозициска во собранието!) излеана во неодана потпишаните договори со нашите соседи, а со огромно влијание на т.н. „меѓународна сила“! Се заменува суштината во која е вградена долгогодишната борба на македонскиот народ за политичка, економска, културна слобода, за да биде свој на своето, на целиот етнографски македонски простор, да се замагли изборениот резултат на македонскиот народ во Втората светска војна – своја држава (иако во ограничениот простор), јазик, историја, култура, институции. Затоа што народот е тој што создава држава, а државата сообразувајќи се на таа вредност, создава нација! Во нашиот случај, тоа не е дозволено, уште многу оддамна по 1944 г. Оваа е годината на АСНОМ од чии одлуки и значење бегаат и стрепат денешниве…, затоа и го погазија! За да биде појасно, еве што вели велешанецот Панко Брашнаров (стар член на ВМРО и на КП) на свеченото отварање на Заседанието на АСНОМ: „животворниот извор на слободата – не секна. Македонија ја поделија, ропставата се сменија, но борбата на македонскиот народ не престана. Сега имаме слободотворна раздвиженост на реките Пчиња, Места и Бистрица…“. Ова е значајно, бидејќи тој како претставник на старата борбена генерација, исклучително се залагал за формирањето и заживувањето на државната историја на Македонија, за нејзината независност, обединување и демократија. Кај него е одговорот, дека македонскиот народ е тој што ја создал (и со борбата на другите националности) македонската држава и е суверенот на земјата во која живее, се бори и умира. Оттука, АСНОМ и донело решение со кое ѝ оддало признание на НОВ составена најмногу од македонски борци заслужни за ослободувањето на Македонија и создавање на македонска држава. Затоа, вчера прочитавме наместо македонски атрибут: „национален/а“, а не „народен/а“ или „државен/а“. Во прилог го давам автентичниот текст од Решението на АСНОМ, додека некоја комисија не нè просветли со некаква си „нарација“ или „филозофија“ на историјата македонска!
„Решение на АСНОМ за отдаване признание и благодарност на народноослободителната војска
Првото пленарно заседание на АСНОМ го изразуе своето признание и народната благодарност на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија за изградуенето и организуенето на нашата народна војска и за успешното раководене на операциите во борбата против непријателите на нашиот народ.
Првото пленарно заседание на АСНОМ ја изразуе длабоката благодарност на ГШ и за неговата сестрана политическа работа околу собраннето на сите патритически сили на нашиот народ, подигнуенето на името на нашата земја прет тугана и работата околу изградуенето на истинска, демократска народна власт.
Исто така, Првото пленарно заседание на АСНОМ изразуе народно признание и благодарност на борците на Народноослободителната војска образувана от најсвесните и најдобрите синови на македонскиот народ борците кои со својата крф и коски, својата героска борба и натчовешки напори и постигнатите победи, а во зедничката борба со народноослободителните војски на останатите братски народи во Југославија ги поставија основите на македонската држава и слобода. Народноослободителната војска е најголемата придобивка на нашата народноослободителна борба.
Првото пленарно заседание на АСНОМ веруе оти нашето воено раководство, а на чело со ГШ, заедно со борците на Народноослободителната војска, ќе бидат от победа до победа, до крајното изгонуше на окупаторите от македонската земја.
Во манастирот „Св.отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.
За Антифашистичкото собрание на народното ослободуене на Македонија.
Секретар: Претседател:
Љупчо Д.Арсов, с.р. Методи Андонов-Ченто, с.р.“
[Зб. 70 Години Македонска Држава, стр.17]“, напиша професорката од Институт за национална историја.