Наташа Котлар, виш научен соработник во Институт за национална историја (ИНИ), реагира на изјавата на шефот на македонскиот дел од заедничката комисија со Бугарија, Драги Ѓоргиев, дека со нејзината работа не била засегната официјалната академска историографија.

„Според Д. Ѓорѓиев, претседателот на македонско-бугарската комисија за учебници, со нејзината работа не била засегната ‘официјалната академска историографија’! Неточна и манипулативна изјава! Напротив, комисијата директно ја засегнува целокупната официјална академска историографија во РМ, бидејќи научните истражувања, пишувања и толкувања ги прави токму таа. Што значи, академската историографија создава научна продукција, која потоа се преточува како синтеза во учебниците. А, тие треба да помогнат во процесот на стекнување на знаења на помладите генерации, а не на нивно стекнување перцепции, други се дејностите кои имаат за цел и задача – перцепции. Што значи работата на комисијата е директна атака на 73-годишната научна продукција во РМ! Ова, пак, ни се случува поради нашето недоволно познавање на нештата и на работата, како и заради површност и лукративност! Очајно!“, му реплицира Котлар преку Фејсбук на својот колега и директор на ИНИ.

 

SHARE

1 Коментар

  1. Дали оваа Котлар е свесна што пишува? „ОФИЦИЈАЛНАТА академска историографија на РМ ги прави научните истражувања, пишувања и ТОЛКУВАЊА“?????? Значи, „официјалната“ академска историографија ТОЛКУВА што е научна вистина, а што не е??????? „Академската историографија СОЗДАВА НАУЧНА ПРОДУКЦИЈА, која потоа се преточува како синтеза во учебниите“??????????????? Така ли се доаѓа до НАУЧНА ВИСТИНА? Со продукција на „академска историографија“? Академската историографија во Македонија ЈА УТВРДУВА научната вистина од областа на историјата и ја „пласира“ во учебниците? Значи, научна вистина во историјата во Македонија е она што ќе го „продуцира“ некаква „академска историографија“, а не она сознание до кое се доаѓа според точно утврдени научни методи и докази и што ќе ја издржи критиката на меѓународната наука и ќе биде потврдено и прафатено од целокупната меѓународна научна јавност. Па што не направите такви „академски“ и од областа на медицината, физиката или било која друга област, па да „создадете научна продукција“ која ќе се преточува во учебниците, наместо во учебниците да пишува за она НАУЧНА „продукција“ која ја создале научниците од светот. Па наместо Ајнштајн и Њутон, нашите ученици да учат од нашата СОЗДАДЕНА НАУЧНА ПРОДУКЦИЈА.

Comments are closed.