Котлар: Наместо да се извини, Заев дава недоделкана изјава

Професорката Наташа Котлар експресно реагираше на Фејсбук статусот на премиерот Зоран Заев кој за изјавата на грчка ТВ Алфа вели дека била реакција на „ „злоупотребата на историјата во политички цели“ во изминативе 10-11 години…

„ Писаниево е лика и прилика на неговиот образовен (интелектуален) капацитет, -вели Котлар и продолжува:

Наместо да ја признае својата грешка и незнаење на македонската историја, како и на историографијата, па машки да застане пред народот и да му се извини, тој во негов стил – закукулено и замумулено со призвук на шупотење, дава неписмена изјава, недоделкана и повторно навредувачка кон науката како независна дисциплина и кон суверената волја на македонскиот народ!

Очајно, многу очајно…!-пишува професорката.

SHARE