Бугарскиот еврпратеник Андреј Ковачев објаснува која е суштината на бугарската Декларација со појаснување дека Софија не го блокира влезот на Македонија во ЕУ, но има свое гледање на историјата…

„Заедничката историја НЕ означува споделена историја или преплетена историја. Такви ни се историите со останатите држави и нации како од Балканот, така и од Европа. За разлика од нив, географските региони Мизија, Тракија, Добруџа и Македонија, кои биле со стотици години населени доминантно од Бугари, имаат долга заедничка историја – тоа означува дека во минатото биле едно“ пишува Ковачев во колумна за „Лидер“.

Така на пример државата на која што Самоил и е Цар е Бугарија. Народот во тие држави е основно бугарски. Како Бугари се самоопределувале и декларирале сите преродбеници и револуционери од ВМРО. Како Бугари се пишувале, нарекувале, декларирале, во официјални документи или неофицијални лични кореспонденции и книги напишани од самите нив – Глигор Прличев, Браќата Миладиновци, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев, Димитар Талев. Исто како и Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Татарчев, Милан Матов, Борис Серафов, Ѓорче Петров, Генерал Протоѓеров, Тодор Александров, Иван Михајлов и многу други“пишува Ковачев за „Лидер“.

SHARE