Ковачев до Би-Би-Си: Невидливото малцинство во Грција е бугарско

По Грција, која реагира преку својот амбасадор во Лондон, европратеникот Андреј Ковачев се погрижи до Би-Би-Си да стаса и бугарска реакција за прилогот за „невидливото“ малцинство.

„Бев особено изненаден кога пред неколку дена ја прочитав статијата ‘Невидливото малцинство на Грција – македонските Словени’, објавено на вебстраницата на Би-Би-Си. Текстот се занимава со многу важна тема – историските малцинства во северна Грција. Тоа навистина беше табу многу децении. Сепак, историскиот преглед на темата на Балканските војни до денес има голем недостаток. Не постои сомнеж за етничката припадност на негрчките заедници кои живеат на сегашните територии на северна Грција, регионите на Тракија и Македонија. Тие се етнички Бугари не само според светската научна заедница, туку и според грчките историски и архивски документи“, му напиша членот на Европска народна партија (ЕПП) од редовите на ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов на извршниот директор на Би-Би-Си, Тони Хол.

„Во децениите по балканските војни локалното население е подложено на тешка асимилација, делумно преку насилство, делумно преку јавен и културен притисок. По Втора светска војна, Титова Југославија имаше многу подобар пристап до потомците на Бугарите во регионите што сè уште ги населуваат. Некои од нив успешно се инфилтрираа во идејата за македонска етничка припадност.

Во ова писмо би сакал да се фокусирам на погрешното толкување на приказната во вашата статија. Затоа би сакал да го насочам вашето внимание на неколку достапни извори на темата:

Карнегиевата анкета, како што е популарното име на Извештајот на меѓународната комисија за истражување на причините и на одвивањето на Балканските војни;

Книгата на Васил Канчов ‘Македонија – етнографија и статистика 1900’;

Протоколот ‘Калфов – Политис’, потпишан по Тарлискиот инцидент, кога во селото Тарлис, планинско село во демата Неврокоп, Грција, 17 селани од бугарско потекло биле убиени од грчки офицер;

Договорот Молов-Кафандарис, потпишан меѓу Бугарија и Грција, кој се однесува на размената на бугарското и на грчкото население;

Мислам дека Би-Би-Си е еден од најсериозните медиуми на светската сцена. Затоа се надевам дека внимателно ќе ја разгледате вашата статија и ќе ги поправите неточностите“, вели Ковачев во писмото.

SHARE

10 Коментари

  1. Pri rzmena na naselenieto ste si gi zemale Bulgarite i nekoi bulgarofili ostanale samo Makedoncite po krv i po rod i do den denes. Ne gledame da ste razmenuvale naselenie so Albanija, Srbija….turcite gi proteravte…..pa sega ciganite ke ve nadminale u taa vasa Bulgartatarija. Mozebi togas Makedoncite ke vidat mir od vido na izumiranje koga ciganite ke im go smenat imeto na taa vasa sanstefanija. Nova istorija ke si dobiete i vie

  2. На просторот за коментирање се појавува коментаторот „Еден” кој е поддржан од под 5% од луѓе што следат Експрес. На друга страна се над 95% од популацијата која е патриотски ориентирана. При редовната популација набљудувачи од околу 5000 вкупно, лицето „Еден” има поддржувачи од околу свега 200-300 СДСМ-овци, наспроти околу 4000 патриоти кои не сакаат воопшто да читаат неговите анти-национални, авто-шовинистички и анти-македонски коментари. Во таа смисла бесмислено е „Еден” по хиљада пати да повторува своите на сите познати „коментари”, а исто така е бесмислено и патриотите да повторуваат своите познати национални и патриотски позиции, бидјќи популацијата е ограничена на 5000 набљудувачи-гледачи. Ниту „Еден” ке убеди повеќе од 3 или 4 ВМРО-овци да преминат во Заев-исти, ниту некој друг ќе ги премисли повеќе од 2 или 3 лица да преминат во патриоти.

  3. АКО ЗА ГРЧКИОТ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР СРБИЈА, СЕ Е ВО РЕД СО БЛОКИРАНОТО И ЅАБРАНЕТО ИМЕ ” Македонија” ВО ООН БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРЕФИКС, ЗОШТО СРБИЈА ИСТОТО НЕ ГО ПОБАРАШЕ ИЛИ СЕГА ПОБАРА ЗА КОСОВО, БИДЕЈКИ СПОРЕД РЕЅ.817. КОСОВО Е ДЕЛ ОД СРБИЈА, А СПОРЕД СРПСКИОТ УСТАВ ИМЕТО НА КОСОВО Е ” КОСОВО И МЕТОХИЈА”, А НЕ “КОСОВО”. АЈДЕ, АКО СЕ Е ВО РЕД НЕКА СРБИЈА БЛОКИРА КОСОВО ВО ООН, АКО НЕ СЕ КОРИСТИ ИМЕТО “КОСОВО И МЕТОХИЈА”. АЈДЕ НЕКА ИМЕТО “КОСОВО И МЕТОХИЈА” БИДЕ СРПСКИОТ УСЛОВ ЗА ПРИЕМ ВО ООН, ПО МОДЕЛ НА БЈРМ. НО ВО ООН ВО СИТЕ ОН ДОКУМЕНТИ СЕ КОРИСТИ “КОСОВО”, А СРБИЈА НЕ СЕ БУНИ! ЗОШТО БРАКА СРБИ, НЕ ПРОТЕСТИРАТЕ И НЕ БАРАТЕ СПОРЕД 1244 СБ НА ОН ДА СЕ КОРИСТИ “КОСОВО И МЕТОХИЈА”???
    НА ДРУГА СТРАНА СЕ ПОДБИВАТЕ СО “ГЛУПАВИ МАКЕДОНЦИ”????
    А ЗА “РЕПУБЛИКА СРПСКА” РЕАГИРАВТЕ, ПА ДЕМЕК КЕ ПРАВЕВТЕ РЕФЕРЕНДУМ НА “РЕПУБЛИКА СРПСКА” ЗА ОТЦЕПУВАЊЕ, АКО УСТАВНИОТ СУД НА “РЕПУБЛИКА СРПСКА” РЕШИ ДА МОЖЕ ДА СЕ ПРОМЕНИ ИМЕТО НА “РЕПУБЛИКА СРПСКА” !!!
    ИМЕНО ДОДИК ВО БОСНА СЕ ЗАКАНУВА СО ВОЈНА, АКО СЕ СМЕНИ ИМЕТО “РЕПУБЛИКА СРПСКА” ! А ОВА Е БАРАЊЕ НА МЕЂУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА!
    ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ИСТО НЕ ВАЖИ!???

    ДАЧИК НИ СЕ ПОТСМЕВА со тврдење „промена извршена на ВАЛИДЕН НАЧИН”, ни врака за Косово!

  4. Типичен татар,со заостанати фашистички гледишта и негирање на се’ што е македонско

  5. Никој нема право во нивно име да кажува што се „невидливото малцинство во Грција“, освен САМИТЕ ТИЕ. Според тоа, прашај те ги нив. Тие не се животни, па некој да определува на кој вид припаѓаат.

    • ДАЧИК НИ СЕ ПОТСМЕВА со тврдење „промена на името е извршена на ВАЛИДЕН НАЧИН”, но ова не разбира ниту Заев , ниту ти ЕДЕН.

  6. Заборавил да стави точка и за архивата на МПО во Канада, САД и Аустралиа, шо исто се одредува од егеици бугарофили до 91 година. Е па сега, егеици били бугари до 1913, па УДБА и грчките комунисти ги македонизирали. Битно сега се повекето заборавени дека биле некогаш бугари. Нека се викаат македонци и да имаат слобода и човешки права па то да им е проблемот. Бугарската влада мора да прифати дека македонците имат свои пат. Еве аз го прифатив то и денес сум бугар ама врл македонец и мислам скоро да земам и македонско државианство. Бугари во МК има, ама тие не мора да работят на обединуване на Бугариа, туку на Македониа – авотомия, независимост, справедливост. Се гледа дека во Македониа ке има и бугари секогаш така клетвата на Ванче нема даа стигне и нема огин даа гори. Па и да бидеш бугарин по народност не значи дека не можеш да бидеш македонец по националност, државианство и идеал, така? Се надевам да го схватите то, мои македонски братя! Поздрав од Пирин Планина!

Comments are closed.